ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Од:

Вревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации. Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија. Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока.

Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување. Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем. Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор. Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули. Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски