А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Anela Petrova
Македонија

Кацарска: Цврсто сум убедена дека секоја пресуда што сум ја донела била исправна

by Anela Petrova19/03/2019 - 22:0120/03/2019 - 08:09475
Share0

Судијката Добрила Кацарска, која го водеше судскиот процес за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година и пресуди вкупно 211 години затвор за 16 обвинети, вели дека не само за оваа, туку за секоја пресуда што ја донела е уверена дека била исправна.

Добивај вести на вибер

Кацарска, на гостување во емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ, нагласи дека не само за оваа пресуда, туку и за секоја една пресуда што ја донела е цврсто убедена дека донела исправна пресуда.

– Немав ни трошка сомнеж дека обвинетите се виновни токму за она дело за кое што се обвинуваа. Но, бидете сигурни дека не е лесно да се изрече казна затвор без оглед колкава е висината на казната, изјави Кацарска.

Таа посочи дека за секоја една пресуда што ја изрекува секогаш се води исклучиво од доказите што се наоѓаат во предметот.

– Пред да ја донесам одлуката секогаш ги анализирам сите докази. И тука би нагласила дека додека не се изведе и последниот доказ никој не може да знае каква ќе биде пресудата. Во поглед на тие коментари дека казните се драконски, јас би рекла дека многу лесно се дава таква изјава дека казните се драконски од аспект што за да кажете дали некоја казна е законска или не, треба пред себе да го имате целиот предмет со сите докази, да извршите целосна анализа на доказите па дури потоа можете да кажете дека казните се драконски или се многу ниски. Притоа треба да се цени и фактот дека најмалата казна е десет години, потенцираше Кацарска.

Во однос на Законот за амнестија, Кацарска вели дека со тој закон правдата не е до крај исполнета.

-Апсолутно се согласувам дека со донесувањето на Законот за амнестија, правдата е селективна и не е задоволена. Сепак, не можам да го прифатам тој термин како организатори затоа што има друг предмет што треба да се работи, ќе видиме што се случувало, дали има дејствија кај овие што се сега осомничени. Тој закон е избрзан. Се донесе во фаза кога ја завршивме доказната постапка. Можеби требаше да се причека да се донесе пресуда, па потоа да бидат некои од нив амнестирани, но сепак тоа е закон што го донесе Собранието и јас како судија сум должна да го почитувам, истакна Кацарска.

kacarskapresudasudstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски30/12/2025 - 17:0430/12/2025 - 17:33

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Горан Наумовски18/12/2025 - 16:52

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Предраг Петровиќ12/12/2025 - 20:11

Мицкоски: Уставен суд и Кацарска го укинаа линеарното зголемување на пензиите, над 70 проценти од пензионерите ќе земат помала пензија

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 13:59

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:34

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

Горан Наумовски21/11/2025 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен