Јово Вангеловски ќе купува лимузина од 34 илјади евра за Врховниот суд

Од:

Набавка на едно патничко моторно возило за потребите на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Ова го пишува во огласот за јавна набавка на Врховниот суд објавен денеска. Проценета вредност на возилото без ДДВ е 2.118.644 денари или приближно 34 илјади евра без вклучен ДДВ.

Во техничките спецификации пишува дека се бара патничко моторно возило, лимузина, со 4 врати и 5 седишта на дизел, со зафатнина на моторот од 1950 кубни метри со стандард ЕУРО 6.

Возилото треба да има паркинг-сензори, алуминиумски бандажи со најмалку 17 инчен дијаметар, вграден патен компјутер, вграден систем за одржување на брзината. Гаранцијата за возилото е 2 години со 12-годишна заштита од корозија, а рокот за испорака е 90 дена. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

„Се работи за јавна набавка на возило за службени потреби на судот, а за замена на постојноато службено возило кое е старо 20-тина години, во моментов не го знам точниот податок колку е старо, и кое е целосно дотраено.

Техничките спецификации ги изготвува техничката служба, а во склад со потребните технички карактеристики и стандарди за службено возило и согласно одобрените средства за таа намена од Судско буџетскиот совет“, одговори за „А1он“, Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски на прашањата како е утврдена потребата за набавката на ова возило со посочените технички спецификации и кој ќе се вози во возилото.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен суд ја преиначи пресудата за сообраќајката кај Универзална сала пред пет години

Ана Ололовска

Врховен му ја одби жалбата на Вангеловски за неговото разрешување од функциите

Кристијан Ландов

Врховниот суд ќе расправа за првите пресуди на СЈО

Ана Ололовска

Три месеца од разрешувањето на Јово Вангеловски, врховните судии ќе бираат кој да одлучува за неговата жалба

Васко Маглешов

Осум месеци е блокирано испитувањето на потеклото на имотот на Јово Вангеловски и судиите од „бомбите“

Васко Маглешов

Врховен може да донесе ново начелно мислење за истрагите на СЈО

Васко Маглешов