Јанушев: СДСМ наместо да се прават слепи и глуви, да кажат зошто и колку пати се среќавале Заев и Боки Тредичи

Од:

Жално е да се чита како СДСМ се дави во калта во кои сами западнаа со рекетарско-политичко обвинителскиот октопод. СДСМ наместо при очи да се прават слепи и при уши глуви треба да одговорат за што и колку пати се среќавале Зоран Заев и Боки Тредичи, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Какви се тие разговори за кои никој не знае и какви работи менаџирале и конструирале овие двајца?

Зошто истрагата за случајот рекетарски октопод речиси цел месец се води крајно непрофесионално?

Зошто се дозволи еден телефон да биде форматиран, компјутери во СЈО да бидат форензички бришени?

Зошто се дозволува Катица Јанева да биде на слобода за да влијае врз докази и сведоци, при толку многу индиции?
Зошто истрагата за криминални дејанија не се проширува врз организацијата на Боки Тредичи Меѓународен Сојуз во кој членуваат Костадин Костадинов, Фросина Ременски и редица високи партиски функционери на СДСМ и нивни роднини иако и за ова постојат сериозни индиции за криминал и перење на пари?

Зошто се уште не се притворени ликовите од рекетарските приказни Шеки, Кики, Раки и Фрики и други високи функционери?

Се се прави во истрагата за овој скандал само за да не дојде до главата на овој криминален план.

Ова доволно говори колку СДСМ се залага за правда. Јавноста виде дека тие тргувале со правдата со цел да заработат милиони евра. На јавноста веќе и се гади од лицемерието на СДСМ. Одговори порано или покасно ќе има, бидејќи вистината излегува на виделина. Потоа ќе следува одговорност затоа што овој криминал на власта предводена од Заев не може да се прикрие со Фејсбук статус или прес на Костадинов или уште помалку со панично срочено соопштение“, вели Јанушев во соопштението до јавноста.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија