Јанкулоска нема упатен акт за во затвор бидејќи Врховниот суд сè уште ја изработува одлуката

Од:

Врховен суд се уште ја изработува одлуката која ја донесе за предметот „Тенк“, а со која и ја потврди четиригодишната затворската казна на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, велат оттаму за „А1он“. Тие не знаат кога точно ќе биде финализирана и испратена од Кривичниот суд, од каде, потоа, судија за извршување на санкции ќе треба да и испрати упатен акт за во затвор на Јанкулоска.

„Во најкус можен рок ќе биде доставена, одлуката треба да биде формално изработена“, велат од Врховен суд.

Министерството за внатрешни работи и натаму презема оперативни мерки околу живеалиштето на Јанкулоска, нешто што осудената го оцени како опсада на зградата во која живее и вознемирување на нејзините соседи. МВР ќе треба да постапи во моментот кога ќе добие наредба од судот за спроведување на Јанкулоска.

Одлуката на Врховниот суд е донесена пред четири дена, а Јанкулоска одби да ја коментира истата. По гласините дека таа ќе ја напушти државата за да не ја издржи четиригодишната казна, таа за „А1он“ изјави дека е дома, со семејството, дека не и паѓа на памет да бега.

Со реакција на одлуката од судот се јави и бегалецот Никола Груевски кој сега е азилант во Будимпешта, оценувајќи дека премиерот Зоран Заев вршел притисок врз судовите, а потврдената казна за него не е изненадување.

Во одбрана на Јанкулоска застана и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој оцени дека таа е осудена без докази бидејќи одбрала да не биде слуга на Заев.

Би можело да ве интересира

Гордана Јанкуловска излезе од затвор

Јанкуловска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски

За Мијалков призна дека е привилегиран, за замолчувањето на Боки 13 ги компромитира Маричиќ и Тупанчески, за Јанкулоска признава дискриминација – интервју со директорот за санкции

Кристијан Ландов

Двојни аршини: Мијалков привилегиран и во затвор, правилата за затворениците – не важат и за него

Кристијан Ландов

Сопругот и адвокат на Јанкулоска: Нејзина главна мотивација е да се утврди кој прислушувал

Кристијан Ландов