По преслушувањето на дел од снимените разговори и докази во „Рекет“, меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески-Кичеец, во судницата реагираше и обвинетата Катица Јанева.
Таа пред судијката Васка Николовска-Масевска рече дека во останатите два разговори кои ќе се слушаат на наредните рочишта се гледал поткупот и дека од таму почнува нејзината одбрана.
“Сметам дека неспорно се потврди дека никој не разговарал за рекет во времето кога Орце Камчев бил во притвор.
Нејќете да ги изведете останатите два разговори, а токму таму се гледа поткупот и од таму почнува мојата одбрана”, рече Јанева во судницата, по што судијката Николовска-Масевска и кажа дека тоа ќе се направи во дополнување на доказната постапка.
Реагираше и Јовановски, според кого, разговорите меѓу него и Милески покажуваат спротивност на сè што му се става на товар.
Според него, делови од разговорите се „шушумигања и кокетирања“ и истите не можел да ги разбере.
Сметам дека овој изведен фајл покажува само спротивност на се што ми се става на товар во обвинителниот акт од страна на обвинителката.
Нашите шушумигања и кокетирања не можам во делови да го разберам и затоа не треба судот да го цени ова”, рече Јовановски.