Јанева најавува дека ќе дежура, не заминува од пред УБК

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и по цел ден не заминува од пред Управата за безбедност и контраразузнавање. СЈО се огласија преку нивната Фејсбук страница дека и покрај опструкциите нема намера да попушти да ја спроведе судската наредба.

И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука. Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење.

„Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба” – повторно истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата.

Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на Директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов, напишаа од СЈО.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов