(ВИДЕО) Јанева: Ќе останам ако треба и до јануари во УБК, податоците ќе ги земам

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева еден час по полноќ повторно даде изјава при што уште еднаш кажа дека Управата за безбедност и контраразузнавање не соработува и не сака да ги даде бараните податоци.

Поминаа 12 часа откако сме во УБК, тапкаме во место, дискутираме, дебитираме, уште сме на мртва точка. Ние нема да си одиме додека не постапиме по судските наредби, имаме целосна покриеност со дежурства, јас ќе бидат цела вечер тука, рече Јанева.

На прашање што бара директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков во УБК, Јанева рече:

Го прашав, рече дека можел да дојде зошто се грижел за полицајците што биле таму, потоа дојде и Оливер Андонов но тој не се ни поздрави. Ние сакаме да се постапи по судската наредба, рече Јанева.

Таа појасни дека од УБК убедувале дека не можело да се добијат податоците поради немање човечки и технички фактор, иако според неа тоа не е така.

-Неможно било од нивна страна, а ние знаеме дека може да го направат тоа и сме упорни. Ќе се спроведе , мора да се спроведе, за интерес на граѓаните на Република Македонија, ќе седиме во просториите додека не ги земаме сите податоци. Ние можеме да седиме и до први јануари, тоа е нашата работа, рече Јанева.

Ние денеска добивме наредба од Основниот суд Скопје 1 да ни бидат доставени сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК, тие податоци се сомневаме дека се наоѓаат и во моменталните системи и сакаме да провериме дали тие податоци се таму. На наше жалење управата немаше волја да постапи по барањето туку манифестира недостаток на човечки и технички капацитети за спроведување на судската наредба, рече обвинителката Ленче Ристоска.

Таа кажа дека нема напредок за одземање на податоците и апелираше да не се објавуваат имиња на странски комапнии кои може да помогнат на СЈО.

Ова е судска наредба која некој не ја спроведува, рече Ленче Ристоска.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов