Изгореа ликовни цртежи од годинешниот „Мал битолски Монмартр“

Од:

Во пожар што утрово во 6 часот и 15 минути го зафати горниот кат од чардакот на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола изгореа 350 цртежи од годинешната меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Според раководителот на студиото во Битола Коста Хаџиантоновски, со брза реакција на дуќанџиите заштитен е останатиот ликовен материјал, а пожарникарите спасиле да се случи катастрофа.

– Пожарот изби во 6.15 часот, во моментите кога неколкумина од студиото и дизајнери од Битола се подготвувавме да ги поставуваме детските ликовни творби за светската изложба што ќе ја отвориме на 23. мај кога почнува годинешната ликовна колонија. Слушнавме силен звук кој дојде од најгорниот кат-чардакот и веднаш интервениравме. Изгореа 350 слики, а 450 ги заштитивме, истакна Хаџиантоновски.

Пожарот е локализиран и благодарение на дополнителната заштита која со години се врши во студиото не е опожарена богата архива со ликовни цртежи кои ги изработуваат децата од светот.

– Оштетен е целиот инвентар, но тој ќе се замени. Важно е што најголем дел од цртежите се спасени. Утре продолжуваме со нашите активности и точно напладне ќе подариме 50 икони на црквата „Св.Константин и Елена“ во Битола во која од неодамна се наоѓа и голем иконостас изработен од романски ученици кои секоја година учествуваат на колонијата во Битола, потврди Хаџиантоновски“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он