Избрани кандидатите за новата Антикорупциска комисија: Меѓу нив и сопругата на адвокатот на Заев

Од:

Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи вработени во ДКСК, судијката Софија Спасова Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на комисијата за борба со корупцијата.

По тридневно интервјуирање кое беше јавно, Комисијата за избор и именувања на полноќ ја објави ранг листата со бодување и оваа листа треба да биде изгласана на пленарна седница.

Ако ги изгласаат кандидатите, тогаш во следните пет години претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе биде Татјана Димитровска која 19 години работела во Државниот завод за ревизија, а во последните две години е помошник на главниот ревизор.

Таа вршела ревизија на политичките партии, Антикорупциска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Државната изборна комисија.

Судијката Софија Спасова Медарска е сопруга на Филип Медарски, адвокатот на Зоран Заев кој го бранеше поранешниот премиер во случајот „Поткуп“.

За членови на антикорупциската комисија беа пријавени 41 кандидат, меѓу нив најголем дел ревизори и вработени во ДКСК, но и експерти од државни и јавни институции, судии и обвинители.

Во комисијата за интервјуирање членуваа пратениците од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, од Демократско движење, како и Јован Андоновски како претставник на Народниот правобранител и претставниците на Советот за соработката меѓу невладините организации и Владата Снежана Камиловска Трповска и Никола Додов.

Мандатот на актуелните членови на ДКСК – Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска-Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари 2024 без право на реизбор.

Би можело да ве интересира

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР

Судир на Антикорупциска и Судски совет за Академијата за судии и обвинители

ДКСК: Незаконски се разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија

Имотот на функционерите објавен на веб страницата на Антикорупциска