ВИДЕО: Вода со елементи на токсичниот метил акрилат се излеала од „Охис“

Од:

При миење на цистерна во која требало да се изнесе метил акрилат мономер надвор од државата како опасен отпад, пукнала цевка и на тој начин се излеале oколу шест тони вода со елементи на опасната хемикалија во „Охис“, вели за „А1он“ Пејо Кировски, раководител на одделението за инспекциски надзор во животната средина.

Тој не може да потврди колку е ова опасно за граѓаните и вели дека тоа ќе го испитаат надлежните институции, со анализи надвор од државата. Подготовката за извозот на опасниот отпад ја вршела фирма избрана на тендер, „Еко центар 97“.

„Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината. Со анализи надвор од земјава треба да се утврди дали и колку елементи на метил акрилат мономер имало во водата“, вели Кировски за „А1он“.

Лабораторијата на МВР земала проба која ќе биде лабораториски испитана, по што ќе следува понатамошно водење на инспекциската постапка. Државен инспектор за животна средина ќе изготви Записник за констатирана состојба на лице место, а фирмата цела ноќ ќе работи цела ноќ за со цел излеаната течност од кадата да биде преточена во соодветно пакување. Утре ќе биде извршен контролен инспекциски надзор од страна на инспекторатот.

Претходно, две возила на армијата пристигнаа во фабриката „Охис“. Станува збор за Единицата за атомска биолошка и хемиска одбрана, која била повикана како асистенција на полицијата.

„Отпадниот материјал е планирано целосно да биде извезен надвор од Северна Македонија“, вели Кировски.

Според него, уште од текот на летото е започнат процес на отстранувањето на хемикалиите од „Охис“. Нив ги вршела сертифицираната фирма со посебна дозвола и опасниот отпад требало да биде извезен во Швајцарија.

„Течните хемикалии се чувале во посебни буриња и во една вагон цистерна, а летоска е почнато преточувањето. Бурињата се соодветно обележани и сместени во магацин додека да се добие дозволата за извоз. Станува збор за различни хемикалии, но во конкретниов случај требало да се преточи метил акрилат“, вели Кировски.

Случајот со излевањето на цистерната од „Охис“ во МВР го пријавиле граѓани кои почувствувале главоболки, печење во грлото и печење во очите.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски