Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови

Од:

Работиме на изработка на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови. Ќе може да ги користат сите оние кои имаат какви било проблеми со дишењето. Вака рече за МИА кавадаречкиот иноватор Димитрија Ангелков, за проектот на компанијата во која е управител, а создавањето на машините одлучи да го поддржи Фондот за иновации и технолошки развој.

– Овие машини ќе даваат конретен придонес во битката со коронавирус, но и многу други болести. Тие се едноставни за употреба, може да работат без прекин 14 дена. Проектот е на македонската компанија „Интерактивна иднина“ и во себе содржи медицинска амбу маска која ги има сите сертификати за употреба. Притисокот и протокот се подесуваат визуелно преку отчитување на вредностите од сензорите. За разлика од другите, ова решение има најниско електромагнетно зрачење и воопшто не смета на другата опрема која е во болниците и домовите, појасни Ангелков, кој е доктор по електротехнички науки, професор во електро-машинското училиште во Кавадарци.

На проектот, заедно со него работат и електроничарите Ѓорѓи Додевски и Трајче Стојанов, програмерот Ангел Стојанов, докторите Билјана Волчева, Марина Ангелкова и Трајанка Додевска.

Решението било базирано на два научни труда од 2001 година кои го опишуваат управувањето на електро пневматискиот вентил, кој, според Ангелков, претставува најбитниот дел во оваа респираторна машина.

– Направени се тестови и мерења на Машинскиот факултет, а решението е идеално против борбата со опасниот вирус и може да се овозможува производство на 100 респиратори месечно.Овој проект е еден од 16 избрани решенија во рамки на јавниот повик на ФИТР, Креатон, наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19. Овој јавен повик ФИТР го спроведе во соработка со партнерите – Embassy of Switzerland in North Macedonia, USAID North Macedonia, UNDP MK, UNICEF MK, MASIT ICT Chamber of Commerce, додаде кавадарчанецот кој зад себе има бројни иновации и награди.

Една ваква респираторна машина чини 500 евра.

Ангелков упати благодарност до вработените во Фондот, особено до директорот Деспотовски, што, како што нагласи, препознаваат иновации кои значат унапредување на секојдневното живеење.

Тој додаде дека додека не се сертифицираат и атестираат, машините нема да се користат. Мора да се поминат сите тестови за медицинска употреба.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска