„Се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата.
Тоа резултира со видлива несигурност и немир, кои предизвикуваат панични реакции на ароганција, гнев и навреди кои сите оние што се охрабруваат да ја кажат вистината што ја гледа целата јавност.
Вистината е дека Мицкоски е неспособен да ги привлече симпатиите на граѓаните и служи само како спаринг партнер во изборните победи на власта“, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вистината е дека Мицкоски има погрешно поставени приоритети, а личните, лукративни интереси му се поважни од партиските и државните.
Партиските членови и граѓаните ја препознаваат ароганцијата со која што ја прекрива сопствената несигурност и со тоа ја влече партијата надолу.
„Заробеници“, „слуги“, „гадење“, „криминални обиди“, „стопан Заев“ се само дел од епитетите со кои Мицкоски вчера ги навредуваше делегатите што го избраа и му доверија партија од 150 000 членови.
Нивниот единствен грев е тоа што тие очекуваат од човекот што го избрале да им објасни дали партијата ја водел успешно или не ? Дали смета дека имал успеси или порази ? Нивниот грев е тоа што бараат објаснување дали власта била толку добра или Мицкоски бил лош за да победи на избори ?
Наместо одговори и отчет пред оние кои го избрале, Мицкоски возвраќа со навреди кои се срам за секој чесен член на партијата.
Недоличниот вокабулар на Мицкоски и заканите кои ги упатува ги препознаваат и граѓаните и меѓународната заедница.
Затоа Мицкоски е изолиран.
Затоа Мицкоски бега од соочување со одговорноста.
Затоа на Мицкоски му е неопходно членка на Централниот Комитет на последната седница да бара збор за дискусија и да му кажува „насмејте се претседателе“.
ВМРО-ДПМНЕ нема веќе време за губење. ВМРО-ДПМНЕ не може веќе да си го дозволи луксузот и да губи уште пет изборни циклуси пред да биде побарана одговорност од Мицкоски.
Време е партијата да се сплоти на 17-от Вонреден конгрес во Скопје на 28 март“, се наведува во соопштението на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.