Иницијативен одбор за вонреден конгрес: Мицкоски е потпросечен спаринг партнер на Заев, на секој изборен циклус го користи за да симулира дека има политички опонент

Од:

„Се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е потпросечен спаринг партнер на Зоран Заев, кој на секој изборен циклус си го користи за да симулира дека има политички опонент со кого наводно се натпреварува.

Христијан Мицкоски не е човек од збор. На Христијан Мицкоски не може да му се верува.

Пред скоро една година, во октомври 2019, Мицкоски најави дека ќе си поднесе оставка доколку по втор пат загуби на избори. Оставка најави дури и да победи, но не успее да формира влада“, соопштува Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

„Изборите ги загуби, влада не формираше, а оставка нема. На 15 август најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го оспори пред Уставниот суд доделувањето на мандат на Зоран Заев. Ништо не се слушна ниту за најавената иницијатива, ниту пак имаше некакви протести.

Членството се сомнева дека и тоа било глума за да се одвлече вниманието од сопствената одговорност и да се продолжи улогата на спаринг партнер на Заев кој ќе биде поразен на секои наредни избори.

Генералниот секретар Игор Јанушев вчера му врачи мандатно писмо на Зоран Заев во името на народот, но иницијативниот одбор сака да го потсети на мандатното писмо што членството и вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ му го упатија на сеуште актуелниот претседател пред цели три години.

Во тоа мандатно писмо имаше три точки. Да ја обедини партијата, да ги подобри односите со меѓународните партнери и коалицискиот капацитет и да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на победничка патека.

Ни една од трите обврски на Христијан Мицкоски не се исполнети. Напротив. Партијата е повеќе поделена од кога било. Партијата е поизолирана од кога било, а се губат неколку изборни циклуси по ред.

Затоа одговорност мора да има. Доколку не заради зачувување на сопствениот обрз, тогаш заради угледот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски треба да си поднесе оставка и да го закаже вонредниот конгрес“, се наведува во соопштението на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска