А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Имотната состојба на судиите и јавните обвинители ќе се проверува во 2020 година

by А1он02/12/2019 - 12:5902/12/2019 - 13:56355
Share0

Судиите и јавните обвинители ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата ДКСК.

Добивај вести на вибер

Државната комисија информира покрај законската обврска да усвојат Годишен план за наредна година за следење на имотна состојба и судир на интереси и врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, увидела дека има основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

-Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб, судиите и јавните обвинители, ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба за 2020 година, се наведува во соопштението на ДКСК.

Годишниот план, велат од Антикорупциска, ќе се утврди и ќе се спроведе врз основа на законските надлежности а согласно расположливите човечки и материјално – технички капацитети на комисијата.

Имотната состојба ќе се проверува преку податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство. Во однос на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.

Од ДКСК велат дека испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи. Антикорупциската комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Северна Македонија.

dksksudstvo

Би можело да ве интересира

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Горан Наумовски22/01/2026 - 16:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен