И последниот осомничен за несреќата кај Ласкарци излезе од Шутка

Од:

Судот донесе одлука со која го ослободи и последното лице кое беше во притвор во Истражниот затвор во Шутка, а е осомничено за несреќата кај Ласкарци. Раководителот на возниот парк во „Дурмо турс“ е третото лице за кое судот определи мерка куќен притвор поради влошена здравствена состојба. Минатата недела судот им определи куќен притвор и на возачот на автобусот и на сопственикот на „Дурмо турс“ кои од средината на март годинава беа во истражниот затвор во Шутка.

„Со решение на Основниот суд Скопје 1 Скопје на шестемина осомничени им е определена мерка куќен притвор. Од нив, на тројца вработени во станицата за технички преглед ваквата мерка им беше определена веднаш по отворањето на истражната постапка, додека на останатите тројца осомничени првично определените мерки притвор им се заменети со мерки куќен притвор“, велат од Обвинителство за „А1он“ и додаваат дека ќе поднесат жалби против решенијата на судот.

Според истрагата на Обвинителството, неисправни сопирачки на автобусот и недозволена брзина на движење, како и пропусти во работењето на компанијата, се главните причини за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари годинава, а во која загинаа 16 лица. Истрагата на обвинителството опфати седум лица ова се гонат шест лица, додека седмиот е осомничен за несовесно работење во службата поради тоа што, иако знаел дека автобусот има неисправен такограф, тој издал потврда дека се е во ред со уредот.

Истрагата покажала дека возачот се движел со брзина од 99 километри на час иако на автопатот било дозволено возење со 80 километри на час и дека го активирал уредот за манипулација на тахографот за да не ја прикаже вистинската брзина на движење. Поради големата брзина, тој изгубил контрола и излетал со автобусот во бездна.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Македонски државјанин почина во притворски центар во Албанија

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Три лица загинаа во тешка поморска несреќа кај Сплит, по едно лице сè уште се трага

A1on