ХК: Одредени ранливи групи главно жртви на дискриминација

Од:

Одредени ранливи групи се особено жртви на дискриминација. Станува збор за Роми, лица со физичка и интелектуална попреченост, жените од малцинските етнички заедници, жените од руралните средини и луѓето од ЛГБТ заедницата. Ова денеска го истакна извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (ХК), Уранија Пировска.

Таа на презентацијата на извештајот за обезбедена правна помош на социјално ранливите и маргинализирани групи на лица во рамки на проектот „Поддршка од граѓанско општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, рече дека во неколку случаи костатирале повеќекратна дискриминација.

– Има зголемување на бројот на претставки, што значи е подигната свеста на ранливите групи за нивните права и за тоа каде може да се обратат за да ја добијат потребната заштита, додаде Пировска.

Игор Јандровски рече дека 64 барања за бесплатна правна помош во случаи на дискриминација и прекршување на права на таргетираните ранливи групи кои опфаќаат голем број лица засегнати со проблемите, документирал Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Потенцира дека најголем број од случаите – 57 се однесуваат на барања за правна помош за заштита од дискриминација, а во седум од случаите граѓаните побарале заштита за прекршување на право.

– Во 47 од документираните случаи граѓаните сметаат дека биле дискриминирани врз една дискриминаторска основа, додека во осум случаи беше констатирано дека станува збор за дискриминација врз повеќе основи, најчесто тоа се пол и род (14 случаи), пол, род и возраст, пол, род, верско убедување и сл. Тринаесет случаи се однесуваат на дискриминација врз основа на физичка и интелектуална попреченост. Има зголемен тренд и на пријавување на случаи на дискриминација врз основа на религија и верско убедување, чиј број изнесува девет, рече Јандровски.

Проектниот координатор и правен советник во Хелсиншкиот комитет, Неда Чаловска Димовска истакна дека има еден до два случаи годишно на лица со попреченост кои се обратиле до Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

– За година и пол добивме повеќе од 20 претставки за дискриминација или прекршување на права кои се однесуваат на системски проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост. Главната пречка за тие да побараат помош или поддршка од институциите е физичката непристапност. Дел од нашите препораки се да се обезбеди физичка пристапност за да можат да ги уживаат сопствените права и да бараат заштита од органите, рече Чаловска Димовска.

Посочи дека како области во кои забележале најмногу дискриминација се работните односи, потоа е образованието, здравствената заштита и пристапот до добра и услуги. – Ние бараме законите за спречување и заштита од дискриминација и за бесплатна правна помош да овозможи олеснување на трошоците односно граѓаните да можат да поведат судска постапка без да плаќаат судски трошоци, рече Чаловска Димовска.

Посочи дека имале претставки од Роми ученици во средно училиште дека во средните училиша има класови кои се само ромски, македонски и албански и додаде дека тоа е сериозен проблем и треба да се донесе соодветна програма за да се реши. Од Хелсиншки комитет предлагаат сегрегацијата да биде ставена и како посебен облик на дискриминација во измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Извештајот со податоците кои се однесуваат на периодот август 2016 – јануари 2018 година, е објавен во брошура на македонски, албански и англиски јазик.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

A1on