Хавзиу: Нема „жолт картон“, веднаш ќе се казнува работодавач што не пуштил дома родител на дете до 10 години

Од:

Од денес на сила стапуваат нови позасилени мерки за непочитување на владините препораки за заштита од коронавирусот кои треба да ги применуваат државните инспекторати.

Директорот на Државниот инспекторат за труд вели дека нема повеќе предупредувања за работодавците кои ќе бидат пријавени дека не дозволиле работник со дете до 10 години да остане дома по воведувањето на препораката.

„Нема повеќе ‘жолт картон’ за оние кои не ги почитуваат препораките. Денес добивме строги упатства од Владата веднаш да казнуваме за непочитување. На дежурниот телефон по воведување на мерката имавме 300 јавувања. Генерално се однесуваат за препораката еден родител да остане дома. Дваесетина беа за непочитување од работодавците. Во сите случаи постапивме и укажавме на работодавците дека мора да ја почитуваат препораката. Тоа го правиме и преку телефон, повторно за да го намалиме ризикот од ширење на болеста, но и со излегување на терен. Имаме многу јавувања од работните како да постапат по оваа препорака па сите ги упатуваме како да го остварат правото да останат дома ако имаат дете до 10 години“, изјави Аљадин Хавзиу, директор на Државниот инспекторат за труд за „А1он“.

Тој нагласи дека Инспекторатот ќе работи и двата дена од претстојниот викенд. Постапуваат секоја дојава и пријава.

„Во некои мали градови каде што не можеме да реагираме веднаш поради ограничениот капацитет, тоа го правиме следниот ден по пријавата, но не останала пријава или дојава на која не сме реагирале“, вели директорот Хавзиоу и нагласува дека за жал свеста за обврската за почтување на препораките е на многу ниско ниво.

Државниот инспекторат за труд има вкупно 113 инспектори ки викендов ќе бидат на работа, а секоа прекршување на препораките може да се пријави на телефонскиот број 151 31. Препораката еден родител на дете до 10 години да остане дома беше воведена во средата како мерка за превенција од коронавирусот откако Владата донесе одлука училиштата и градинките да бидат затворени 14 дена.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците