Градскиот трговскиот центар од барокот ќе се брани со жив ѕид од луѓе кои ќе се држат за раце. Ова е една од идеите која била прифатена на синоќешниот состанок во просториите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Од таму апелираат да се вклучат сите невладини организации и граѓаните во договарањето на мерките кои треба да се преземат за да се зачува ликот на Трговскиот центар. Состаноците ќе се одржуваат секоја вечер, а главната средба е во петок во 19 часот во просториите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија во центарот на Скопје.
-Нашиот фокус е Градскио т трговски центар, не е етички да се интервенира врз него. Таа интервенција е неодржлива, ГТЦ е заштитен објект од модерната од втората половина на 20 век.
-Во петок организационо треба да се собреме и ќе има резултати. Нашиопт протест е замислен како едно фаќање за раце, да го гушнеме ГТЦ. Затоа и ги повикуваме сите невладини и поединци кои имаат искуство и кои делувале досега со масовни собири да ги споделиме искуства, изјави претседателот на Аспцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска.
За идејата трговскиот центар да се затвори и да се изгради во барок реагираа и сопствениците на деловен простор. Тие сметаат дека со тоа засекогаш ќе се намали енормно протокот на луѓе кои сега ГТЦ го користат како пешачка зона.
ГТЦ е единствен трговски центар од отворен тип.