Груевски: Тоневски заслужува да добие уште еден мандат

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и кандидатот за градоначалник од неговата партија за Пробиштип Тони Тоневски попладнево имаа средба со жителите на Злетово. Груевски им порача на граѓаните на Злетово дека Тоневски заслужува да добие уште еден мандат, бидејќи има направено и повеќе од тоа што ветил.

Во општина Пробиштип, рече Груевски, во 2006 година имало вкупно 1.737 вработени лица, а на крајот од 2016 година 4.642 нови вработувања Соопшти дека ќе обезбедат за учениците од прво до петто одделение бесплатен здрав оброк, ќе им овозможат на граѓаните на Пробиштип да стекнат сопствен дом по симболична цена од по едно евро по квадрат, а ќе ги укинат и намалат трошоците за комуналии.

– Ние нудиме концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица и во секое маало ќе се гради парк. Ќе се реконструира и кејот на Злетовска Река, а левиот крак од Злетово ќе се приклучи кон колекторскиот систем во Злетово. Ќе се реконструираат и асфалтираат неколку патишта и улици, ќе се изгради и велосипедска патека, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше опонентот СДСМ, текот на кампањата и спроведувањето на првиот изборен круг кој, според него, бил со нерегуларности. Се случуваат, како што рече, „едни од најкриминалните избори“ и смета дека Македонија е во опасност – економска и политичка.

– Би им порачал дека не ја бива вака, сте се фатиле на погрешно оро, одите на погрешен пат, вие ВМРО не можете да го срозите. Ќе дојде време да се средат сметките, а тогаш ќе ве видиме каде ќе се правдате и колку ќе ви биде срам, рече Груевски.

Кандидатот Тони Тоневски очекува во вториот круг да има уште поголема поддршка од граѓаните отколку во првиот круг. Планирано е, рече, да се покрие градскиот пазар во Златово, нов базен, ново баскет игралиште, целосна реконструкција на главната улица, доасфалтирање на уште неколку неасфалтирани, инвестиции во делот на канализацијата и во селата кои гравитираат околу Злетово, реконструкција на патот до Древено, асфалтирање патот до Јамиште.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он