Груевски: Црвенковски применува дрска тактика

Од:

Премиерот Никола Груевски во интервју за Телевизија Сител реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски кој најавите за инвестиции ги нарече театрални и коментираше дека според она што го ветува премиерот во Македонија од силната желба за инвестиции ќе се судрат Катар и Русија.

Груевски кажа дека многу компании инестирале веќе во Македонија, а ваквите изјави според него се само тактика на опозицијата да го оспорат успехот на власта.

„Тоа е тактика, дрска тактика, човекот и гарнитурата што толку години беше на власт, да се праша, не може да се сети човек на пет негови проекти, десет минути ќе му требаат да наброи пет проекти“, изјави Груевски.

Како дел од тоа го наведе и секојдневното обвинување од СДСМ дека власта е виновна за криминална приватизација.

„Тие ја направија приватизацијата, сега сакаат на Никола Груевски да му ја накалемат. И сега човекот што направи 95 проценти од приватизацијата сега сака да каже дека ние сме ја направиле“, вели Груевски.

Премиерот во интервјуто повторно кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори.

„На овие избори и двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сами се тркаме, сами со себе, СДСМ ќе се трка сама со себе, ние ќе се тркаме исто сами со себе. СДСМ сакаат да освојат некој процент повеќе, но ние не се сомневаме дека ке имаме повеке од СДСМ. Убеден сум дека ќе имама серизен пристап даваме се од себе“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски