Груевски: Приправници не можат да водат општини и да ги решаваат проблемите на граѓаните

Од:

Новата ера за Крива Паланка носи многу нови проекти, санација и изградба на патот, реконструкција на дел од водоводната мрежа, доизградба на главниот фекален колектор и гасификација, најави на вечерашниот централен митинг во Крива Паланка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

И од ова обраќање, Груевски ја обвини СДСМ за, како што рече, неспособност и аматеризам. Нејзините кандидати за градоначаници ги нарече приправници кои не можат да водат општини и да ги решаваат проблемите на граѓаните, додека партиската политика ја квалификува како сеење ветер и магла.

– Во Крива Паланка предвидуваме санација и изградба на патот во Трново, отворање две градинки, реконструкција на дел од водоводната мрежа, доизградба на главниот фекален колектор и изработка на проектно техничка документација за изградба на пречистителна станица. Ветуваме продолжување со изградба на коритото на Крива Река и изградба на ролерско-велосипедска патека, спортска сала во основното училиште „Јоаким Крчовски“, две кошаркарски игралишта и реконструкција на основното училиште „Илинден“ во Конопница, изјави Груевски.

Посочи дека Крива Паланка е единствена општина која има подготвено техничка спецификација за гасификација.

Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Арсенчо Алексовски најави гасификација на Крива Паланка, изградба и реконструкција на тротоарите, изградба на локални патишта, реконструкција на дел од водоводниот систем во градот, изградба на пешачка патека, изградба маала за млади брачни парови и многу други проекти.

– Напорната работа води кон успех, а успехот води кон ерата на развој на Крива Паланка. Јас во изминатите два мандата го користев мојот труд и истрејност за да се спротиставам на сите предизвици и да започнам да работам на планот нашата општина да стане достојно и убаво место за живеење. Овој плоштад на кои чекориме ние и нашите деца говорат за тоа, сите овие дела и реализирани проекти од патишта, спортски објекти, водоводи, канализации кои ги гледате во градот и околината не ми припаѓаат мене, ниту на оние кои ги граделе, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на општината, тоа се дела кои им припаѓаат на граѓаните на Крива Паланка, изјави Алексовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет