Груевски: Не сум обвинет за земање провизија, туку дека сум сакал да добијам политички поени

Од:

Во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ поврзана со градбата на патиштата ја информирам јавноста дека во овој случај, ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата не сме обвинети за земање на провизии како што тврди тој, реагираше поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук во врска со прес-конференцијата на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Обвинението против мене е по истиот член 359 како во случајот за набавката на блиндираниот „мерцедес”, влијание заради остварување корист. Во случајот за „мерцедесот“, користа исто така не е некаква провизија, туку наводната корист била што покрај останатите гости од странство и јас сум сакал понекогаш да бидам превезуван со тоа возило, и со тоа сум остварил корист. Во случајот со патиштата користа за која СЈО ме терети е дека сум сакал со изградбата на патиштата како политичар да добијам политички поени од граѓаните пред парламентарните избори. Кој не верува во ова нека повели на рочиште во судот да му го покажам и да го прочита обвинението во оргинал. Судските рочиштата се отворени за сите граѓани”, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните