Со репродуцирање на 8 необјавени бомби во кривичниот суд како реплика на доказите на одбраната, продолжи судењето за предметот „Титаник 2“.
Првите два разговори се меѓу експремиерот Никола Груесвки и Драган Павловиќ Латас, уредникот на Сител и Вечер.
„Имаш брејкинг њуз. Има жалба за Кичево. Ќе има ново гласање и нова шанса“, му вели на 3 минути пред полноќ Груевски на Латас.
Во следниот разговор меѓу нив двајца, неколку минути по полноќ, на 28 март 2013 година, Груевски му вели на Латас дека се договараат да ги поддржат ДПА за да го зафркнат Заев.
„Од ова праиме 3 дена драма“, го почнува разговорот Груевски со Латас. „Договараме со ДПА, они да не’ поддржат, да го заебеме Заев“, му кажува расположениот Груевски на Латас.
Случајот „Титаник 2“ е изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Струмица. Обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и ексчленовите на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Васко Маглешов