Груевски, Бошкоски и Вељаноски засега безбедни за настаните од 27 април

Од:

По денешното изрекување на затворските казни за крвавиот четврток, каде 16 обвинети добија вкупно 211 години затвор, се отвора прашањето што ќе се случува со истрагата во која осомничени се Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошкоски за истиот настан.

Никола Груевски е во бегство во Унгарија, каде што доби азил, а Никола Бошкоски, пак, е во бегство во Грција, а и двајцата се сомничат за организирање на настаните од 27 април. Собранието, пак, не му го одзеде имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски со што беше оневозможено тој да биде притворен.

За оваа истрага, во домашен притвор е Миле Јанакиески, а единствен во истражниот затвор во Шуто Оризари е поранешниот министер за образование Спиро Ристовски.

„Истрагата продолжува и се работи на случајот, тоа е засебен предмет и јавноста ќе биде известена за сите дополнителни мерки кои ќе бидат преземени“, велат од обвинителството.

Наодите од предистражната постапка укажуваат дека петмината осомничени на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, прво пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

„Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите“, се вели во решението за спроведување истрага.
Според решението за спроведување истрага, тие со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство.

Од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило во сопственост на УБК донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов