Груевски: Ако не се спомне моето име, не им е атрактивен предметот на СЈО

Од:

„Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал.

СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет.

Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат“, напиша поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил во врска со најновата истрага на СЈО, „Поштенска банка“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор