Груби: Пратениците кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ треба да дојдат во парламентарното мнозинство

Од:

Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред отворањето на третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“.

– Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална. Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои поддржуваат евроатлантска Северна Македонија ќе расте и убеден сум дека во деновите пред нас и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори, нагласи Груби.

Одговарајќи на новинарски прашања, Груби рече дека Левица е таа што правела притисок врз пратениците да не ја искажат својата волја.

– Јас не верувам дека во тие политички партии нема пратеници кои не сакаат Македонија да се зачлени во Европската Унија и да ги отпочне преговорите. ДУИ и ниту еден нејзин член нема вршено никаков притисок врз ниту еден од пратениците, напротив жалиме што тие политички партии ги ставија во заблуда своите пратеници и ги ставија во функција на уништување на европската агенда, истакна првиот вицепремиер.

Груби, како што рече, се надева дека повеќе нема да им се врши притисок на пратениците и оти ќе ги остават да си гласаат по свои убедувања.

– Се надевам дека лидерите на тие партии ќе им дозволат на своите пратеници да гласаат и да поддржуваат по лично убедување, додаде Груби.

Тој нагласи дека се во комуникација со сите партии, освен со Левица со која немаат никакви контакти и нема ни да имаат.

– Сите тие пратеници коишто се определени да ја видат нашата држава зачленета во ЕУ ќе дојдат во парламентарното мнозинство, рече Груби, додавајќи дека решението е сите пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Северна Македонија да дојдат во парламентарното мнозинство и да ја поддржуваат актуелната Влада.

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски