(ВИДЕО) Груби: Не барав да се прекине седницата, новинарите шират лажни вести

Од:

Артан Груби негира дека имале договор со ВМРО-ДПМНЕ за одземање на имунитетот на Вељаноски. Тој тврди дека сите пратеници од ДУИ биле подготвени за гласање, но седницата била прекината. Дуи целосно го поддржува владеењето на правото без други партиски или било какви влијанија.

„Вчера сите пратеници од ДУИ беа присутни, од лидерот Али Ахмети, до болниот Агим Шакири. Но пратениците не успеа да се воздржат од навреди, пцовки и недолични коментари” рече Груби.

Тој обвини за договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи според него ништо од тоа вчера немало да се случи ако претседателот на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски почекал да дојде заменик членот на Агим Шакири, на кој му се слошило.

Груби ги обвини новинарите дека шират лажни вести со видеото на кое се гледа како тој гестикулира на спикерот Џафери, да ја прекине седницата. Груби тврди дека реагирал да го прекине Мицевски на говорница, а не седницата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ