Груби: Коалицијата на ДУИ и СДСМ за локалните избори е договорена и е апсолутен фаворит според анкетите

Од:

Коалицијата на ДУИ и СДСМ за претстојните локални избори е договорена од лидерите на партиите и предвидува комбиниран модел на поддршка – некаде во прв круг, некаде во втор круг, но ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие избори, изјави првиот вицепремиер и министер и за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

-На состаник договаравме во детали коалиција за локалните избори која што наликува на таа што ја направивме во 2017 година. Гледајќи во анкетите убедени сме во победа во огромно мнозинство во сите општини во нашата држава вклучително и градот Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и други поголеми градови во нашата држава. Ќе имаме комбиниран модел на поддршка, некаде во прв круг, некаде во втор круг, но во едно нешто ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие локални избори, рече Груби на новинарско прашање по промоцијата на поштенска марка по повод 20 години од Рамковниот договор.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски