СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Од:

Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Со Мицкоски насекаде е хаос. Нема капацитет да води држава, ниту влада.

Во културата, освен таталниот хаос што го создаде Мицкоски вчера изнесе навреди кон уметниците и културните работници, рече на прес конференција Наташа Петровиќ – членка на ИО на СДСМ.

Човекот кој „има чувство“ за прогон, кој граѓаните ги нарекува „талог на општеството“ и „прокси ботови“ сега ги навреди и дискредиташе луѓето кои ја создаваат културната вредност на државата како „вулгарни и агресивни“.

Мицкоски се обиде да ги замолчи, само затоа што бараат почитување на Колективниот договор и поголеми плати, само заради тоа.

Иако, Колективниот договор не само што е легитимен, туку и институционално потврден.

Проблемот, очигледно, не е во правото, туку во немањето политичка волја на Власта.

За Мицкоски се е бизнис а очигледно борбата за плата е „вулгарна и агресивна“.

Уште поапсурдно е што истите тие луѓе кои денес го оспоруваат договорот, вчера беа негови најгласни поддржувачи.

Денешниот министер Зоран Љутков во 2019 година го бранеше токму овој договор како вистинска визија за развој на културата, а денес и тој е против.

Чисто лицемерие.

Колективниот договор беше донесен со одлука на Влада, со поддршка од сите министри, вклучително и Министерството за финансии. Ова е системско решение за достоинството на културните работници, а не импровизација.

СДСМ е на страната на култнире работници.

Нашата порака е јасна: културата не е трошок, таа е темел на идентитетот. Без достоинствени уметници нема држава, нема нација, нема иднина.

Затоа Мицкоски треба јавно да им се извини на сите културни работници и на членовите на Синдикатот на културата кои протестираа во одбрана на своите права. Навредите не се политика, тие се признание за слабост.

Љутков да покаже доследност и да го потсети Мицкоски на фактите , вклучително и на наодите од седницата на Уставниот суд, каде беше потврдено дека за Колективниот договор се прибавени сите потребни документи од релевантните институции.

Ова е борба за достоинство и во таа борба, СДСМ стои цврсто на страната на културните работници, рече Петровиќ.

Би можело да ве интересира

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија