СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

Од:

„За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат. Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон“ соопштија денеска од СДСМ.

Од опозициската партија велат „Не сме против инвестиции. Но, не може моделите да бидат фокусирани на профитот и бизнисот, со висок ризик по здравјето на граѓаните. Не може да се зборува само за економска корист која не е сигурна. А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации. Ако државата не може да го реши Лојане, тогаш нема кредибилитет да отвора нови рудници“.

„За вакви проекти граѓаните мора да бидат прашани и да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Бараме јавни расправи со реално влијание, локален референдум и вклучување на стручната и локалната јавност. Затоа што ова не е техничко прашање туку прашање за здравје и за иднина. Затоа мора да бидат исполнети неколку клучни услови: 1.Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта. Без тоа не може да инсистира на отворање нови рудници. 2.Целосна транспарентност пред граѓаните. Сите договори, економски параметри, студии за влијание мора да бидат јавно објавени“ велат од СДСМ.

„Имајќи ја предвид целата криминална мрежа на фирми и бизниси на Мицкоски граѓаните имаат право да знаат дали има скриени профити“ е ставот на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски