Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Од:

Првиот вицепремиер Артан Груби го потврди она што го најави Бујар Османи на партиска дебата, дека Македонија ќе го добие првиот премиер Албанец затоа што така било договорено помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Груби вели дека и премиерот Ковачевски дал збор за ова и вети дека ќе важи договорот со Ахмети.

Ова Артан Груби го изјави во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ потенцирајќи дека тој нема амбиции да биде премиер туку дека сака да го паметат по реализацијата на коридорите 8 и 10.

– Имавме модерна кампања во 2020 година која одекна во Тирана и Приштина дека е дојдено времето Македонија да добие прв премиер Албанец. Ова е проект на Али Ахмети, а тој не греши во изборот. Јас немам такви амбиции затоа што сакам да ме паметат по реализацијата на коридорите 8 и 10 – изјави вицепремиерот Артан Груби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“