Груби: ДУИ прави претседатели, без ДУИ не ја бива работава

Од:

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на социјалните мрежи објави фотографија од лидерот Али Ахмети под кога напиша дека неговата партија е заслужна за изборот на претседател на државата и Собранието, но и за изборот на премиер.

„Али Ахмети и ДУИ прават претседатели на Собрание. Али Ахмети и ДУИ прават премиери. Али Ахмети и ДУИ прават претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата. Победници“, напиша Груби, прогласувајќи ги ДУИ за победници.

Вечерва во партискиот штаб на СДСМ, каде се слави победата на Стево Пендаровски не се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту пак Артан Груби. Заев на прес-конференцијата кажа дека телефонски исконтактирале и дека Ахмети ја честитал победата на Пендаровски.

Ali Ahmeti dhe BDI bëjn Kryetar KuvendiAli Ahmeti dhe BDI bëjn KryeministraAli Ahmeti dhe BDI bëjn PresidentaPa Ali…

Posted by Artan Grubi on Недела, 05 мај 2019

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он