ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

Од:

Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата, велат од партијата.

– Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните. Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги информира граѓаните дека, доколку итно не се имплементираат предложените мерки, цените воопшто може да се зголемат за повеќе од 10%, што сериозно ќе ги оптовари семејните буџети во земјата.

Оваа Влада нема соодветен капацитет да управува со кризи кои се случуваат дури и на илјадници километри од земјата. Поради тоа, Владата треба веднаш да го разреши министерот за економија, кој очигледно нема ниту визија ниту план за справување со економските кризи.

Уште еднаш ја повикуваме Владата сериозно да ги разгледа предлозите на ДУИ, кои ќе ја имаат нашата целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните се процесуираат и усвојат во Собранието, порачуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Се намалува цената на горивата

А1он

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

А1он

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба