Градоначалникот Митовски: Не сум го удрил полицаецот Стоевски, МВР нека го расчисти случајот

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски тврди дека не го удрил полицаецот Кристофер Стоевски, вработен во ПС Крива Паланка и дека во никој случај не се чувствува виновен.

„А1он“ го праша градоначалникот Митовски дали го удрил полицаецот како што се вели во објавата, но тој само изјави дека проблемот со полицаецот со кого се познавал од поодамна бил посуштински и дека ќе го докаже во судска постапка.

– Доколку било што и да има, ние во судска постапка ќе докажеме. Проблемот е суштински и не е од сега затоа што со полицаецот се знаеме од поодамна. Јас подготвувам тужба, но и МВР работи на случајот. Надлежните нека докажат што се случило. Јас во никој случај не се чувствувам виновен – истакна Митовски за „А1он“.

Полицаецот вработен во ПС Крива Паланка, Кристофер Стоевски во неговата објава во детали објаснува што се случило пред четири дена, во позната гостилница каде тој и градоначалникот биле гости. Вербалниот инцидент кој препраснал во тепачка се случил на паркингот пред ресторанот.

„По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу две возила, едно во сопственост на вработен во ‘Селект Кафе’. Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така видно изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка С.М. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со два шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка“, стои во објавата на Стоевски.

Полицаецот посочува дека иако бил нападнат, не му возвратил на ист начин на градоначалникот.

„Уште не ја знаеме причината за нападот, но со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е дел од скриеното лице кое го покажа на најлош можен начин. Јас не возвратив на насилството ниту физички ниту вербално и како што е пропишано по закон, на професионален начин се јавив веднаш во полиција и го пријавив случајот. Полицијата дојде, направен е записник со притоа огромни притисоци и закани како од таткото на градот така и од неговиот брат, бидејќи сепак напаѓачот е добро познат на сите – таткото на градот!“, пишува полицаецот.

Би можело да ве интересира

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка