Град Скопје: Превозниците треба автобусите редовно да ги проветруваат

Од:

– Градот Скопје редовно врши контрола врз сите лица кои вршат организиран јавен превоз во рамките на Градот Скопје, согласно Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, информираат од Град Скопје како одговор на прашањето што превземаат како надлежни за контрола на приватните превозници на кои граѓаните се жалат дека возат со стари автобуси без клима, и ги ладат патниците со отворени врати и прозорци.

Со потпишаните договори, велат од таму, приватните превозници мора да се придржуваат до временските распореди коишто им се дадени, а истите се контролираат преку контролен центар. Доколку автобусите не се придржуваат до возниот ред, доколку се евидентираат доцнења во тргнувањето од почетната станица или пристигнувањето на последната станица, следуваат санкции и реперкусии во исплатите за реализираните возења и изминатите километри, согласно потпишаните договори.

„Во однос на температурата, согласно прописите, сите автобуси кои вршат јавен превоз во Скопје мора да се проветруваат и температурата мора да биде помеѓу 10 и 25 степени. Доколку превозниците не се придржуваат до овие одредби, истите можат да бидат санкционирани. Нашите инспектори се на терен и ги контролираат автобусите и оваа состојба, а истите ќе ги засилат нивните активности на терен. Дополнително, наредната година ќе започне да се изготвува нов Јавен оглас за доделување на линии и дозволи за вршење на линиски превоз на патници на подрачјето на градот Скопје, во кој ќе бидат предвидени строги критериуми и стандарди кои ќе треба да ги исполнат автобусите за да можат истите да бидат вклучени во јавниот линиски превоз.“, објаснува град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

За 12,5 отсто е намален бројот на патници со автобус во четвртиот квартал лани

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година