Startup Club Skopje: Скопије на автобусите не е грешка, туку дел од кампања

Од:

Во изминатите денови, пораката „Еднорозите доаѓаат во СКОПИЈЕ“ на автобусите низ градот предизвика бројни реакции, коментари и споделувања. Но „грешката“ во името на градот не била случајна. Зад кампањата стои Startup Club Skopje, а таа е дел од промоцијата на Startup Revolution AI Summit 2026, еден од најголемите настани за стартапи, технологија и претприемништво во регионот, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Скопје, информираат од Startup Revolution AI Summit.

Во прилог е интегралното соопштение:

Со намерно погрешно напишаното „СКОПИЈЕ“, кампањата имаше цел да привлече внимание, но и да испрати порака поврзана со една од главните теми на самитот.

Вештачката интелигенција го менува нашето секојдневие и начинот на кој работат компаниите, но човечкиот фактор сè уште останува во центарот на новите промени. AI може да автоматизира процеси и да создава содржини, но човекот е тој што проверува, проценува и носи одлуки.

А еднорозите?

Тие се директна асоцијација на unicorn компаниите – стартапи со вредност поголема од една милијарда долари. Токму 10+ говорници и претставници од вакви компании се очекуваат во Скопје како дел од Startup Revolution AI Summit.

Од 1 до 4 октомври, Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 2.000 учесници од над 50 држави, 400+ стартапи, 200+ инвеститори и над 100 говорници, со претставници од глобални технолошки компании, инвестициски фондови и меѓународниот startup екосистем.

Посебен дел од програмата е и Startup World Cup, преку кој победничкиот стартап од Скопје ќе добие можност да се натпреварува на глобалното финале во Сан Франциско за инвестициска награда од 1 милион американски долари.

Целта на Startup Club Skopje е глобалните компании, инвеститори и основачи да дојдат во Скопје, да го запознаат потенцијалот на локалниот и регионалниот екосистем и да се создадат нови можности за инвестиции, партнерства и глобален раст.

„СКОПИЈЕ“ било намерно. Скопје е правилно. А зад еднорозите стои една поголема амбиција – денес да ги донесеме глобалните компании во Скопје, а утре светот да доаѓа тука за компаниите создадени во нашиот регион.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Понеделник со изменет режим: автобуси по неделен ред, Жичарницата ќе е затворена