ГДУ: Зошто власта со месеци го криеше извештајот од ГРЕКО

Од:

Зошто власта три месеци го криеше извештајот од ГРЕКО?, прашуваат од Граѓанско Демократската Унија, преку соопштение.

Од таму тврдат дека овој извештај бил усвоен во Стразбур во март, а Владата ја усвоила информацијата дури минатата недела, кога на владина седница ја даде согласноста за објавување на извештајот.

„Зошто Владата три месеци чекаше за да даде согласност за објавување на Извештајот од ГРЕКО? Што сака да сокрие власта? Широко распространетата корупција, криминалот, советниците и дебело наплатените „совети“, политичките влијанија во МВР?! Власта ќе рече, ‘ама голем дел од критиките се однесуваат за владеењето на Груевски’. Ама не, почитувани господа на кои помили ви се фотелјите од граѓаните! Вие продолживте како и тие пред вас. Не случајно во извештајот се споменуваат забелешки исти како во ланскиот. Тоа значи дека ништо не се сменило.

ГРЕКО бара јасна дистинкција меѓу политичката власт, МВР и полицијата со цел да се обезбеди доволна оперативна независност. Укажува на тоа и дека обвинителите генерално не гонат системски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи.

Појасно укажување и предупредување од ова не може да биде. Без независно и непристрасно судство, без полиција ослободена од политички влијанија, без вистинска борба против корупција нема да не биде. И Брисел и Стразбур истото ни го кажуваат со години наназад“, заклучуваат ГДУ во соопштението.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“