ГДУ: Референдумот зависи од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Премногу се симптоматични последните барања испорачани од опозицискиот лидер, со кои го условува изборот на нов состав на ДИК, велат од ГДУ.

Од партијата прашуваат зошто на Христијан Мицкоски сега му текна да бара прво да се донесат законите за финансирање на политичките партии и за влада, па потоа да се решава составот на највисокото изборно тело?

„Со ваквите услови доведено е во прашање одржувањето на референдумот. Последиците од евентуално неорганизирање нареферендум ќе бидат големи. Без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, власта не може сама да изгласа нов состав на ДИК. Затоа дали граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум, сега зависи од ДПМНЕ. Во однос на изборот на членови, целиот процес е проблематичен, бидејќи таму не треба да има партиски кадри, туку независни професионалци. Зошто слушнавме и во судница од прислушуваните разговори како се гласало во ДИК и како се носеле одлуки под силни политички влијанија. Но ако веќе се договорија Мицкоски и Заев за вакво изнудено решение покрај сите укажувања и ако главна задача на овој шестмесечен состав ќе биде организирање на референдумот, тогаш не смее да има одолговлекување и опструкции. А оние кои се токмат за членови, мора да бидат подготвени за максимална професионалност и транспарентност и покрај тоа што доаѓаат на предлог од партиите“, велат од ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“