ГДУ: Поминаа две години од владеењето на Заев, а бројчаникот кој го постави сè уште не покажа колку пари се украдени

Од:

Поминаа две години од владеењето на Заев, а бројчаникот кој го постави сè уште не покажа колку пари се украдени. Наместо да донесете правда и мир, судството продолжи да се злоупотребува, продолжи и партизирањето на администрацијата, корупцијата си цвета, има непотизам од невидени размери, се носат скандалозни програми за културата, се договараат тендери во четири очи, здравството е на колена, квалитетот на образованието е на најниско ниво. За сето ова ни укажа и Брисел во последниот Извештај, вели Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, преку соопштение.

„Потфрливте и со капиталните инвестиции. Добивме нула од германските стопанственици за економијата. Ништо и од 600 километри автопатишта. Наместо да го намалите бројот на министерствата, вие го зголемивте. Не успевате ниту да го спречите ширењето на синдромот наречен патни трошоци. Молк за промената на изборниот модел.

Секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните ги заборавивте, почитувани господа од власта. Ништо не видовме и не почувствуваме од вашиот „План за живот“.

Продолживте таму каде што вашите претходници застанаа, а граѓаните си го бараат чарето надвор од оваа држава, затоа што ништо од тоа што го понудивте за поубав живот, не го реализиравте. ГДУ предупредува дека за неостварените ветувања „метлата“ треба сериозно да заигра. Се
надеваме дека нема и таа да биде само дел од списокот „ветено – неостварено“., се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“