ГДУ побара намалување на бројот на пратеници и укинување на патните трошоци

Од:

„Пред одржувањето на Жан Моне процесот во Охрид, на кој ќе се разговара за етичкиот кодекс, дијалогот власт-опозиција, механизмите за функионирање на Собранието и најбитниот собраниски документ Деловникот, ГДУ предупредува дека не смее да се дозволи „зацементирање“ на пратеничкиот имунитет и со тоа бегање од правна одговорност како и тоа дека треба да се стави крај на неодговорното трошење на пари на граѓаните под форма на патни трошоци.

Затоа предлагаме – Изгласајте намалување на бројот на пратеници и конечно, конечно укинете ги безобразните патни трошоци околу кои сите сте „братски” обединети.

Уставот вели бројот на пратениците е од 100 до 120, што ви дава можност и во овој момент да го намалите бројо на идниот собраниски состав, без притоа да има потреба од промени на Уставот.
За ГДУ е неприфатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одземање на пратенички имунитет со двотретинско мнозинство, наместо со 61 глас, како и тоа да се остави можност за враќање на имунитетот на пратениик на кој претходно му бил одземен.

ГДУ предупредува дека доколку предлогот се прифати, ќе бидеме сведоци на многу ситуации во кои правото на повикување на пратенички имунитет ќе се злоупотребува. Многу потешко ќе може да се одземе имунитетот на некој пратеник за кој постои сомневање или обвинение за сторено кривично дело бидејќи тоа ќе може да се случи доколку за предлогот гласаат две третини од народните избраници.
ГДУ се залага актуелното решение за одземање на пратеничкиот имунитет со 61 глас да остане на сила и на пратениците да не им се овозможат дополнителни привилегии во случаи кога ќе треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Во спротивно било која политичка сила во парламентот многу тешко ќе може да обезбеди двотретинска поддршка и на тој начин на пратениците ќе им се овозможи дополнителна комоција.

Укажуваме и дека доколку дојде до прифаќање на предлогот за измени ќе мора да се отвори и Уставот. Доста е од барање на механизми за избегнување на одговорност пред законот.

Наместо давање на предлози за поголеми манипулации, почитувани пратеници предложете нешто конструктивно. Вие не сте избрани од Господ, туку од граѓаните. Секој кој сторил кривично дело мора да одговара, сакале вие или не“ се вели во соопштението на Граѓанско-демократската унија.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“