„Пред само неколку дена ГДУ имаше должност да и подари букет на градоначалничката на Oпштина Битола. Цветовите засадени во дупките на улиците близу Широк Сокак беа со цел да ја подигнат свеста и да ја разбудат дамата која удобно спие во својата фотелја, додека нејзините сограѓани си ги кршат своите возила по така наречените улици низ градот.
Се прашуваме, чија беше таа генијална идеја со која се „реши“ проблемот до првиот дожд? Ова ли е решенито кое го нуди Општина Битола за решавање на проблемите со улиците?!
Да напоменеме уште еднаш, доколку не сте спремни да бидете сервис за граѓаните, оставете тоа да биде некој кој сака, може и умее да го направи овој град достоен да биде ГРАД НА КОНЗУЛИТЕ“, се вели во соопштението на ГДУ