Во последно време сме бомбардирани со информации од страна на медумите и загрижени граѓани, кој ние како Граѓанско Демократска Унија сме должни да ги поставиме до надлежните институции.
Дали е вистина дека е во пораст криминалот на Радански пат? Колку е загрижувачка состојбата?
Дали на некој му одговара во овој момент, нарушена безбедносна состојба?
Можеби во позадина стои метода за држење на контрола на населението за да не мисли на реалните проблеми, како што се немаштијата, немањето просперитет и да се одвлече вниманието од погрешната политика?
Доколку е вистина дека криминалот е во страшен процент пораснат, дали институциите имаат проект план за решавање на проблемот?! Само да напоменеме дека со овие појави се создава погрешна негативна слика за Ромите, кои за волја на вистината, најчесто како жители на Радански пат се мета на криминалците исто како и нивните соседи Македонците.
Апелираме до институциите за соодветни мерки, бидејќи криминалот е како болест, тој не знае за нации и не прашува кој на кој Бог се моли. Или сепак ова и не е толку голем проблем, бидејќи, многу поголем проблем се гласовите за изборите.
Можеби крајно време е да се размисли за зголемување на казните за упад на туѓ имот и поголемо право на самозаштита на жртвите од кражба.
Самоодбраната да биде легална и реално да ја исклучува кривичната одговорност, реагираат од ГДУ.