ГДУ: Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој доби нова функција во Советот за национална безбедност

Од:

Вицепремиерот кој со месеци не се појавува на работното место, кој не успеа да го реши проблемот со административците вработени по Рамковен кои со години земаат плата, а исто така не одат на работа, функционер со најмногу вработени во државните служби, сега уште ќе биде дел од Советот кој оперативно ќе ги води разузувачките активности, вели Граѓанско Демократска Унија преку соопштение.

„Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој си доби и нова функција. И внимавајте, истиот тој, ќе биде дел од телото кое ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност.

И иронијата да биде поголема, пратениците кои изгласаа да се укине секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и да се формира ново министерство , истите тие народни избраници сега му обезбедија место на Лика во Советот за координација на разузнувачката заедница Да потсетиме дека Лика е професор по албански јазик и книжевност. Весникот „Време“ во декември 2004 година објави дека во МВР постоела службена белешка оти Лика познат како командант Чела, за време на конфликтот во 2001 година бил еден од дваесеттемина учесници во озогласениот масакар кај Вејце, во кој беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и припадници на полицијата.

За истиот тој Лика, додека бил градоначалник на Тетово, Државниот завод за ревизија во извештајот за состојбата со буџетската потрошувачка за 2009 година, утврди дека биле потрошени 5,3 милиони денари од буџетот, кои не биле во согласност со законската регулатива.

Градоначалникот на Тетово, Хазби Лика, и претседателот на Комисијата за јавни набавки во Општината и директор на тетовското јавно комунално претпријатие, Хајрула Хасани, со незаконски изведена постапка за изградба на дел од системот за водоснабдување во 2006 година го оштетиле државниот буџет за 157 милиони денари.

Премиерот не требаше да чека да се доведе до оваа ситуација. ГДУ во изминатиов период предупредуваше за Лика и неговата неспособност и однесување. Не очекувавме негова оставка, но очекувавме дека „метлата“ за него ќе заигра порано.

И додека премиерот и неговите јуришници се кријат зад социјалреалистички пароли, неподнослива миризба се шири од „Блесокот”,но, не сите се слепи и глуви!“, е наведено во соопштението на Граѓанско Демократска Унија.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“