А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ГДУ ја поздравува намерата на Владата да се разговара за една изборна единица

by А1он15/04/2018 - 18:14194
Share0

„Граѓанско демократската унија (ГДУ) ја поздравува намерата на Владата на Република Македонија да разговара за промена на бројот на изборните едници и земјава следните парламентарни избори да претставува една изборна единица.

Добивај вести на вибер

Ги охрабруваме политичките партии и граѓанските организации активно да се вклучат во најавениот процес за промени во изборниот процес, во насока на целосна професионализација на Државната изборна комисија.

Без оглед на форматот според кој би се одвивал најавениот процес, ГДУ има намера пред јавноста да ги афирмира своите ставови по ова прашање.

Македонија да претставува една изборна единица, листите со кандидати да бидат отворени а не утврдени од партиските раководства и Државната изборна комисија да работи според законските прописи, а не да претставува партиски форум.

Ова прашање е високо на нашата агенда поради едноставна причина – Ако политичките партии во една таква расправа не се подготвени себе си да се демократизираат и реформираат, следсвено, немаат никакво морално право да тврдат дека се способни да го реформираат општеството и унапредат демократијата во земјава.

ГДУ недвосмислено стои на ставот дека јавноста мора да може да влијае на партиските програми, поведение и реализација на обврските преземени пред истата јавност.

Улогата и влијанието на пошироката јавност во партиското делување во Европа е тренд кој само се унапредува ( прелиминарните избори на пример) учеството на граѓаните во политичкиот живот, при носењето решенија ( на локално и национално ниво) се придобивки со кои се бранат граѓанските и другите права, пред партиските интереси.

Затоа, ГДУ обрнува внимание дека овој процес, не е, и не смее да биде во функција на меѓупартиски договарања и надмудрувања, туку процес кој треба да резултира со изборен модел кој ке содржи механизми за јавно, граѓанско влијание како фундаментална алатка за контрола и корекција на обидите за понатамошна партизација на државните институции“ се вели во соопштението на ГДУ.

gdu

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on04/01/2024 - 16:0604/01/2024 - 20:34

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска03/07/2020 - 13:56

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов25/05/2020 - 14:1725/05/2020 - 14:51

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он17/05/2020 - 17:39

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска15/12/2019 - 14:5515/12/2019 - 14:55

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“

Татјана Ташкова09/08/2019 - 18:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен