А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ГДУ: Грција работи како Тројански коњ на Балканот

by А1он22/04/2018 - 14:22238
Share0

„Грција во последните години упорно застапува позиции кои оставаат отворени прашања на Балканот кои до голем степен не дозволуваат интеграција на државите од Западен Балкан во структурата на НАТО и ЕУ.

Добивај вести на вибер

Непризнавањето на Косово, кое е од интерес на Србија и се разбира на Русија, како и блокирањето на Македонија, поддршката на позициите на конфликт во Босна, како и константната конфликтност и несигурност во односите со Турција се оние геополитички моменти кои до голем степен го прават Балканот несигурно место и простор за реализирање на туѓи интереси.

Се надевам дека нашите сојузници ги оценуваат високо нашите напори како земја, но и заложбите на нашите граѓани за интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.

Постои национален консензус од политичките субјекти без разлика дали се власт или опозиција, дали се парламентарни или вонпарламентарни. Оставањето простор на сомнеж би предизвикало чудни но и опасни внатрешно политички движења, кои би ја отвориле ширум вратата на популизмот.

Позицијата ДА за ЕУ а за НАТО „ќе видиме“ не е прифатлива за нас. Мнозинството граѓани на нашата земја сакаат да бидат дел од семејството на обединета Европа, но не помалку се стремат кон членство во семејството за безбедност-НАТО.

Очекуваме безрезервна поддршка од нашите стратешки партнери САД, со јасна цел Македонија да биде 30-тата членка на Алијансата. Ако се пропушти овој момент, имајки ја предвид голготата преку која помина Македонија искрено сме загрижени од можноста за нова дестабилизација како на нашата земја така и на регионот. Впрочем последните случувања во регионот одат во една таква насока“, се вели во соопштението на Иницијативата ГДУ.

gdu

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on04/01/2024 - 16:0604/01/2024 - 20:34

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска03/07/2020 - 13:56

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов25/05/2020 - 14:1725/05/2020 - 14:51

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он17/05/2020 - 17:39

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска15/12/2019 - 14:5515/12/2019 - 14:55

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“

Татјана Ташкова09/08/2019 - 18:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен