А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ГДУ: Да се увезуваат лекови само од земји членки на Европската унија

by А1он08/05/2018 - 15:31164
Share0

„Квалитетот и безбедноста на лековите мора да биде на прво место. Законските измени со кои продолжува паралелниот увоз на лекови, а за кои Собранието даде зелено светло во прво читање сметаме дека не се гаранција за тоа.

Добивај вести на вибер

Со измените ќе се бара сертификат за квалитет, а како граѓаните во оваа држава да бидат сигурни дека тој нема да се фалсификува? Притоа кој ќе го испитува квалитетот на лековите? Мора да има проверка и мора да се смени начинот на набавка!Нема никаква гаранција дека во Македонија ќе се увезуваат безбедни лекови. Доста е играње играчки со здравјето на граѓаните и носење на закони како што на некој ќе му текне, полни со нејаснонотии и контроверзии.Не менувате ништо суштинско!

Погледнете ја европската регулатива. Тоа всушност од вас го бараат и пациентите. Таму има строги правила и одредби како се врши увоз на лекови. Не може да се земат само одредени одредби од некој европски закон и после да се вадиме дека ја следиме европската регулатива, а манипулациите си продолжуваат. Откако почнаа да се увезуваат лекови од Турција, а 99 отсто се увезуваат од таму почнаа и проблемите на пациентите и сомневањата за квалитетот. Ова мора да заврши!

ГДУ бара да се увезуваат лекови само од земји членки на Европската унија. Лек внесен со паралелен увоз од членки на ЕУ е претходно контролиран од специјализирани лаборатории во Стразбур и Лондон. Такапациентите ќе бидат сигурни!

Апелираме пред да се донесе Законот таков како што помина во прво читање, да се направи уште една анализа. Пациентите се сомневаат и имаат право, со оглед на претходните искуства!

Во државата преку паралелен увоз на лекови влегуваат сомнителни лекови за кои не се знае како се транспортирани и чувани, немаат сертификат директно од производителите, туку се внесуваат од трети земји преку разни канали и веледрогерии.За хаосот со лековите во последните пет години некој мора да одговара! Тоа е прв чекор за да се врати довербата на граѓаните!“, се вели во соопштението на ГДУ.

gdu

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on04/01/2024 - 16:0604/01/2024 - 20:34

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска03/07/2020 - 13:56

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов25/05/2020 - 14:1725/05/2020 - 14:51

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он17/05/2020 - 17:39

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска15/12/2019 - 14:5515/12/2019 - 14:55

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“

Татјана Ташкова09/08/2019 - 18:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен