ГДУ: Без промена на изборниот модел лидерската средба е беспредметна

Од:

Пред утрешната лидерска средба, од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ преку соопштение предупредуваат дека неопходна е промена на изборниот модел и доколку оваа точка не биде прва за која лидерите ќе разговараат, лидерската средба би била беспредметна.

Промената на изборниот модел е предуслов за демократија, велат од ГДУ, но властите поради криминалите заборавија на ветувањата дадени пред избори во насока на демократизација и развој на парламентарната демократија.

„Собранието ни е како гласачка машина и наместо да ја контролира Владата, се случува обратно – Владата го контролира Собранието. Без разлика дали изборите ќе бидат во септември, октомври или март неопходна е промена на изборниот модел, во спротивно ништо нема да се промени. Само ќе се заменат ликовите во фотелјите, а криминалот и непотизмот ќе продолжат да цветаат.

Веќе видовме како едните само продолжуваат онаму каде што другите застанале. Видовме дека добро разработената шема „да има за нас, а за
народот ако остане“ си функционира, без разлика кој е на Илинденска бб.

На ова мора да му се стави крај. ГДУ жестоко ќе се бори за промена на изборниот модел. Правдата е невозможна без силен Парламент кој ќе биде контролор, а не извршител, без пратеници кои ќе гласаат по сопствени убедувања, а не како ќе нареди лидерот. До тогаш Заев, Мицкоски и Ахмети само напразно зборуваат за правна држава.“, се наведува во соопштението на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“