„Фронт за слобода на изразување“ го осуди говорот на омраза на Неделковски

Од:

„Фронтот за слобода на изразување“ најостро го осуди говорот на омраза од Миленко Неделковски на неговиот портал „Дудинка“, кој според нив поттикнува на насилство кон критички медиуми и кон конкретни новинари, колумнисти и политичари.

– Меѓу другото, во отворениот повик за насилство се повикува на репресалии од страна на државните институции врз медиуми, новинари и невладини организации што имаат различен став, а содржи и закани за јавен линч.

„Фронтот за слобода на изразување“ ги повикува надлежните институции сериозно и соодветно да реагираат на поттикнувањето на насилство кон одредени медиуми, новинари и други јавни личности. Воедно, потсетуваме дека уште во 2010 година Европската федерација на новинари ги обвини властите за „скандалозно занемарување“ на слободата на новинарите, откако полицијата и јавните службеници не интервенираа по поттикнувањето на насилство кон новинари, од страна на Миленко Неделковски. Уште тогаш, тој објавуваше списоци на „новинари-предавници“ поттикнувајќи на нивна ликвидација – се вели во соопштението.

Од таму потсетуваат дека пред неколку седмици Фронтот за слобода на изразување јавно го осуди силеџискиот атак на Миленко Неделковски врз учесници на јавна ТВ-дебата, со зборовите: „Дојде време за метак у чело. Нема друг лек. Мора да се исчистиме од баграта“.

Како што вели се вели во соопштението, Неделковски на својот портал објавува листа на медиуми, новинари и политичари, повикувајќи на „Сечење на чировите“.

„Фронтот за слобода на изразување“ пренесува дел од колумната на Неделковски, која ја објави на порталот Дудинка.

„… чирот се отстранува хируршки. Со скалпел, со оштро сечиво.“ Групата на именувани медиуми и новинари се наречени „куп на ПЕДЕРИ ШТО РАБОТАТ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРЧКАТА ВЛАДА И ГРЧКИТЕ ТАЈНИ СЛУЖБИ“ и „странски платеници“. Жртвите на силеџискиот напад се дехуманизираат како „Чирови и гноеви“ (кои треба да се се отстранат „хируршки“, „со скалпел, со оштро сечиво.“), како „ смрдливиот и лигав шлаем“ и како „вошки и крлежи“.

Фронтот за слобода на изразувањето (sloboda.kauza.mk) е широка платформа составена од поединци, организации, институции и неформални групи кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – зачувување и унапредување на основното човеково право – слободата на изразување во, првенствено во Република Македонија, но и секаде во светот.

Фронтот го сочинуваат следните граѓански организации: Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Центар за развој на медиуми (ЦРМ), Метаморфозис, фондација за интернет и општество, Цивил – Центар за слобода, Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ), НВО Инфоцентар, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, Македонски центар за европско образование (МЦЕО), „Јавност“ – Центар за нови политики и слобода на медиуми, „Јадро“ – Асоцијација на независна културна сцена и Здружението на граѓани Контрапункт.

Би можело да ве интересира

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

A1on

(ВИДЕО) Претепаниот Кадриески од Струга, откако се почувствува Бугарин, посака да се лекува во Софија

A1on

Бугарско МНР: Фактите ќе покажат дали случајот во Струга е кривично дело од омраза

A1on

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

Хелсиншкиот комитет бара санкции за говорот на омраза во емисијата на Миленко Неделковски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Ме гледале 10.000 луѓе, а Груевски само 3.000

Ана Ололовска