ФОТО: Пуштен во употреба нов објект на Министерството за финансии

Од:

Повисок животен стандард, со повисоки плати, пензии, намалување на невработеноста, повеќе инвестиции, се очекувањата  на премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески за идното работење на секторите и органите на Министерството за финансии, коешто од вечерва и официјално работи во нов објект во центарот на Скопје.

finansii-nova (4)

Во доизградбата на старата зграда, којашто долги години беше карабина со лош изглед за центарот на градот, Владата инвестираше 15 милиони евра. Во новиот објект именувана „Палата 23 октомври“ организациските единици на Министерството за финансии првпат добија сопствени простории.

finansii-nova (6)

Со ставањето во функција на зградата,  наведе Груевски, се решава деценискиот проблем на Министерството за финансии и неговите организациски единици. Веќе нема да се плаќа по 600 илјади евра годишно за кирии, а тие пари ќе се искористат за други позначајни намени.   Граѓаните, пак,  нема да губат време и да одат во повеќе институции за да завршат работа.

finansii-nova (3)

– Новата зграда на МФ има 14.000 метри квадратни распоредени на 11 нивоа, а она што особено ме прави горд е што  освен убавината на овој објект е што истовремено е и  извонредно функционален објект, којшто е енергетски најефикасен во Македонија.  Се работи за современа градба особено  во делот на функционирањето на системите за ладење, греење, и се што една зграда ја прави современа и енергетски ефикасна, рече Ставрески, посочувајќи дека  новиот обејкт спаѓа во групата на смарт згради насочени кон заштеда на енергија и заштита на околината.

finansii-nova (7)

Во новата зграда се сместени современ прес-центар, како и конференциска сала  и  најсовремена компјуреска систем сала која, според Ставрески, ќе овозможи непречено функционирање на Министерството за фианнсии, а пред се на трезорот и буџетот, како витални сектори  и на платниот  промет на државата. 
finansii-nova (2)

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски